Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб е добра шанса за „црвено-црните" да ја продолжат победничката серија во лигата на шампионите започната уште минатата сезона. Европскиот првак има серија од седум победи по ред, од што два се во новата сезона каде го брани освоениот пехар.

„ППД Загреб имаат многу добри играчи со искуство како Хорват и Марковиќ, но имаат и млади играчи кои се квалитетни. Очекувам многу тежок натпревар. Тие играат 6-0 зона, ама можат да сменат во 5-1. Нивната одбрана е супер и добро организира на 5-1 зона со Марковиќ напред и затоа мораме добро да се подготвиме. Сега сме прво место во групата, имаме добра шанса да останеме први и не треба да се опуштаме. Ние сме фаворит, но треба да го почитуваме противникот. Сакам да играме добар натпревар, и да победиме. Можеме да ја подобриме играта од дуелите против Нант и Висла. Ги покануваме сите навивачи да дојдат, зашто кога салата е полна и ние играме многу подобро“, вели Раул Гонзалез - тренер на Вардар.

Средниот бек Игор Карачиќ периодов тренира сам, и неизвесно е дали ќе ѝ се приклучи на екипата на натпреварот. Додека во отсуство на голманот Страхиња Милиќ, на Арпад Штербик ќе му помага Даниел Ѓорѓевски.

„Загреб е тим кој добро го знаеме го почитуваме и лани го од нив имавме првиот пораз во сезоната. На натпреварот со Нант нападот не функционираше како што треба и се надевам дека тоа ќе го поправиме со Загреб и ќе ни донесе победа. Како што вели Раул, ние сме фаворити и треба тоа да го покажеме на теренот", Стојанче Стоилов - играч на Вардар.

Средбата е закажана за недела, 1 октомври во 17 часот во СЦ „Јане Сандански". Во продажба се пуштени и билетите за натпреварот што може да се купат во продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на салата.

Ривалството меѓу Вардар и ППД Загреб постои веќе седма година во континуитет. Двата тима играат во регионалната СЕХА Газпром лига и секоја сезона најмалку по двапати играат меѓусебе. Со екипата на ППД Загреб во октомври треба да играме двапати. Сега се среќаваме во лигата на шампионите, а во втората половина од месецот ќе играме и во СЕХА Газпром лигата. За разлика од СЕХА лигата, во лигата на шампионите од досегашните дуели хрватскиот првак е поуспешен, има пет победи и едно реми. Ние сме победиле само два два натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2017 14:29