Кристал палас, последнопласираниот тим на Премиер лигата остана без напаѓачот Кристијан Бентеке, кој ќе паузира околу месец и пол.

Белгискиот напаѓач, најдобриот стрелец на тимот во минатата сезона, се повреди на претходниот првенствен дуел со Манчестер сити, во којшто неговиот тим изгуби со убедливи 5-0.

„Бентеке ги оштети лигаментите на коленото, поради што ќе биде надвор од теренот најмалку шест седмици“ изјави менаџерот Рој Хоџсон.

Кристал палас во првите шест кола има исто толку порази и не постигна ниту еден гол.

Палас веќе има огромни проблеми со повредени играчи, на претстојниот дуел со Манчестер јунајтед ќе биде и без Вилфрид Заха и Рубен Лофтус-Чик.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/09/2017 16:49