Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе се врати во последниот дел од сезоната откако целосно ќе се опорави од двете повреди на коленото, изјави во четвртокот менаџерот на шпанскиот клуб, Карло Анчелоти.

Резервниот голман, Андриј Лунин ќе го започне натпреварот на „белите“ во Примера против Реал Сосиедад во петок, како и полуфиналето од Лигата на шампионите во вторник против Баерн Минхен, додека Куртоа треба повторно да заигра следната недела.

-Морам добро да размислам за составот. Има премногу замор. Куртоа е добро, ќе биде достапен следната недела и ќе може да игра против Кадиз, изјави Анчелоти на прес-конференција во четвртокот.

Украинецот Лунин беше одличен оваа сезона, менувајќи го Кепа Аризабалага. Отсуството на Куртоа не влијаеше на настапот на 14-кратниот европски клупски шампион.

Лунин беше клучен во победата на Реал Мадрид со 4-3 над Манчестер Сити на пенали минатата недела. Тимот од Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, исфрлајќи ги шампионите од минатата сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2024 06:04