Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа третата победа во Лигата на шампионите. Вечерва во Скопје поразен е ППД Загреб кој добро почна, но немаше сили против силниот ривал.

Раул Гонзалез, тренер на Вардар задоволен само од играта во второто полувреме.

– Загреб одигра добар натпревар на почетокот, а потоа откако ја консолидиравме одбраната нашиот противник се соочи со проблеми. Имавме поддршка и од голманот и го кревавме нивото на играта. Мислам дека во второто полувреме бевме далеку подобри од она што го прикажавме во првите 30 минути. Загреб има одличен тренер и одлични млади играчи така што јас сум среќен што успеавме да го совладаме нашиот ривал, истакна шпанскиот стратег.

Левото крило Данил Шишкарев нагласи дека почетокот бил тежок, но во продолжение на натпреварот Вардар ја презел контролата.

– Влеговме многу тешко во оваа средба. Ни требаа 15 минути за да ги поставиме работите во наша полза и да бидеме во контрола. Откако успеавме да поведеме стана јасно дека ќе можеме да победиме. И на двете страни имаше одлични голмани. Многу сме задоволни што во еден ваков меч победивме и што имаме три од три така што одиме понатаму, потенцира Шишкарев.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2017 23:50