Еврејската заедница во Република Македонија вечер во новиот објект на Македонскиот народен театар ќе го одбележи Европскиот ден на еврејската култура.
Оваа манифестација се одржува паралелно во 32 европски држави, а Еврејската заедница во Македонија ја одбележува по 12. пат. Секоја година темата е различна, а ја поставува Европската асоцијација за зачувување и унапредување на еврејската култура и наследство. Оваа година темата на Европскиот ден е „Дијаспора“.
Под режисерската палка на Снежана Коневска-Руси ќе биде изведена претставата „Дијаспора“, базирана на романот „Роман во слики“ од Гордана Куиќ.
– Преку глума, музика и танц, на сцената ќе ја прикажеме еврејската култура овде, во дијаспората, во интеракција со другите култури на Балканот, информира Еврејската заедница во Република Македонија.