Хрватскиот шампион ППД Загреб синоќа го победи македонскиот вицепрвак Металург со 32:26 во петтото коло од регионалната ракометна СЕХА лига.

Металурзите во неколку наврати фаќаа резултатски приклучок по водството на гостите и до 50. минута имаше активен резултат 25:26, но тогаш загрепчани со серија од 6:1 стигна до убедлив триумф.

Најефикасен на натпреварот беше Стипе Мандалиниќ со осум голови, додека кај Металург Халил Јаганац постигна седум.

Во отсуство на првиот тренер Лино Червар, Металург од клупата беше предводен од помошник тренерот Александар Јовиќ.

На другите два дуела од 5.коло одиграни вчера:

Татран Прешов – Динамо Панчево 36:24 и

Мешков Брест – Нексе 35:23.

Пред комплетирање на колото, води Вардар со 12 бода, Загреб има 10. Прешов и Мешков по 9. Металург е шести со 6 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/10/2017 10:14