Тренерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалес очекува натпреварот против Пик Сегед да биде најтежок за црвено-црните од почетокот на сезоната.

– Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овој пат. Досега двапати победивме во Сегед во Лигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас, бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро, вели Раул за клупскиот сајт на Вардар.

Со екипата на ПИК Сегед, актуелниот европски шампион има позитивен меѓусебен биланс во ЛШ. На шест досегашни натпревари, Вардар победил четирипати и еден меч завршил со реми. Единствените два бода што ги освоиле Унгарците се од 2004 година.

Натпреварот ПИК Сегед – Вардар се игра в сабота (7 октомври) со почеток во 17 часот и 30 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2017 13:09