Ракометарките на Вардар новата сезона од Лигата на шампионите ја почнаа со победа на домашен триумф.Во дуелот од првото коло синоќа беше совладана екипата на ФТЦ од Унгарија со 34:31. Со шест постигнати голови Андреа Пенезиќ беше една од најефикасните во составот на ЖРК Вардар.
– Добро е што почнавме со победа во новата сезона од Лигата на шампионите. Првиот натпревар е секогаш тежок, особено што трениравме два месеца за добар почеток во Лигата на шампионите. Добрата подготовка за натпреварот и високата концентрација ни овозможија високо водство во првиот дел. Во второто полувреме особено во финишот малку се опуштивме и противничката екипа успеа да го намали поразот, но најважно е што постигнавме победа, изјави Пенезиќ.
Во следното коло ЖРК Вардар гостува кај екипата на Турингер во Германија.