По 9 победи во серија, ракометарите на Вардар одиграа нерешено во мечот од Лигата на шампионите против унгарскиот Пик Сегед.
Драматичниот меч заврши 26-26 откако домаќинот не успеа да го искористи водството што го имаше во поголемиот дел од мечот а во финишот влезе со два гола предност.
Во сета драматика Дибиров ја имаше и победата за европскиот првак но биеше преку голот.
Следен противник на црвено-црните е Барселона која гостува во Скопје.