Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија доби награда за најдобра продукција на Интернационалниот филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, а учествуваше и на фестивалот „Raindance“ во Лондон.
Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Игор Нола, Владимир Анастасов и Арто Халонен.
Во главните улоги настапуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Луција Шербеџија и Мико Ноусаинен.