Со деветте натпревари одиграни синоќа ширум Европа завршија натпреварите од континенталните квалификации за Мундијалот што следната година ќе се игра во Русија.

Португалија и Франција се последните две европски селекции што како првопласирани во своите групи изборија учество на СП.

Португалците во директен дуел за пласман ја победија Швајцарија со 2:0, додека Франција првото место во својата група го потврди со победата над Белорусија од 2:1.

Директен пласман на СП 2018 од европскиот континент обезбедија: Франција, Португалија, Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд.

Бараж ќе играат второпласираните: Швајцарија, Италија, Данска, Хрватска, Шведска, Северна Ирска, Грција и Република Ирска.

„Извиси“ Словачка како најслабо пласирана од вторите репрезентации во деветте групи.

Двојките за баражот ќе бидат одредени со ждрепка во Нион на 17 октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/10/2017 22:19