Европскиот првак Вардар ја продолжи серијата од 10 натпревари на кои освојуваме бодови, што е најдобра клупски успех досега во лигата на шампионите. Во 5. коло д А групата на ЛШ, Вардар во Скопје ја победи Барселона со 27-24 (16-12). Можевме и со повисока разлика да го завршиме натпреварот, бидејќи повеќепати имавме и предност од „плус 6".
На прес конференцијата по мечот и гостинскиот тренер Чави Пасквал призна дека резултатот не е вистински одраз на силите. Вардар заслужил да победи со поголема предност.
Раул Гонзалес - тренер на Вардар
„Барселона одигра одличен натпревар. Ова е добар успех за нас. Тргнавме лошо во средбата, но кога почна да функционира нашата одбрана успеавме да дојдеме до контрола на играта. Имавме 4-5 гола предност кои ни овозможија да играме далеку подобро. Горд сум на моите играчи кои дадоа максимум на теренот. Ова е само една победа и мораме да се фокусираме на продолжението од сезоната".
Чави Пасквал - тренер на Барселона
Им честитам на ракометарите на Вардар и на Раул за одличната партија денеска и за победата, која е целосно залужено. Нашиот ривал заслужи да победа и со поголема разлика. Резулатот не е слика на она што се случуваше на терен. Направивме многу грешки, а нашиот противник лесно доаѓаше до голови од контра. Ни останува на нас да се обидеме да победиме на домашен терен
Виктор Томас - играч на Барселона
„Им честитам за прикажаното на Вардар. Нашиот ривал прикажа неверојатна игра. Требаше пет минути нашиот противник да влезе во мечот. Потоа направи предност и беше многу тешко да се игра. Имавме проблеми и не успеавме дг и стигнеме, но ние сме голем тим и моравме да се бориме до крајот од средбата".
Вуко Борозан - играч на Вардар
„Немам што многу да додадам. Сакам само да им се заблагодарам на навивачите за одличната атмосфера што ја направија. Тие беа нашите осми играч. Истовремено многу сум горд на моите соиграчи, без нив немаше ништо д апостигнам, ниту пак ние ќе постигневме.