Шахистите на Алкалоид имаат уште еден импресивен настап на Европскиот клупски куп. Откако минатата година во Нов Сад ја освоија шампионската титула, годинава во Анталија се закитија со сребрениот медал на најпрестижното шаховско клупско натпреварување во Европа.
Годинашниот настап во Анталија, тимот на Алкалоид го заврши како второ рангиран зад зад шампионот Глобус од Русија.
Во последното коло шахистите на Алкалоид забележаа победа со 4-1 против романската екипа Баја Мара, додека екипата на Глобус беше подобар со 4,5-1,5 од Легаси Капитал.
Така Русите со 12 бода го освоија првото место и европската шампионска титула, додека Алкалоид на крајот собра 11 бода, колку што имаше и трето пласираниот тим на Одлар Јурду од Азаербејџан, кој поради послаб број на индивидуални поени од македонската екипа мораше да се задоволи со третото место.
Вториот македонски претставник на турнирот, екипата на Гамбит Асеко беше поразн во последното коло со 2-4 од израелската Бер Шева, па Гамбит со 7 бода на крајот заврши на делба на 17.место од вкупно 36 екипи колку што учествуваа на Купот во Анталија.