Над 1.200 натпревари ќе има во 71-то издание на НБА лигата кое стартува вечерва, два часа по полноќ со натпреварот помеѓу Кливленд и Њујорк Никс а НБА вечерта ја продолжуваат Портлад против Јута и Голден Стејт против Сан Антонио.

Оваа година букмејкерите повторно најголеми шанси им даваат на ланските финалисти со речиси идентичен коефициент за освојување на НБА Лигата. Тимот на Кливленд предводен од неприкосновениот Леброн Џејмс ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата сезона а сериозен конкурент за да не успее во таа намера е екипата на Голден Стејт која оваа сезона е предводена од Кари и Дурант.


Стартува новата НБА сезона

За пласман пак во плејоф-от букмејкерите им даваат најголеми шанси на Сан Антонио и Лос Анџелес Клиперс од западот додека Индијана, Бостон и Торонто се фаворитите за плеј оф натпреварите во Истокот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2016 00:25