Го имате најдобриот секс во случаевите кога:

Во текот на сексот не мислите на својот изглед

Водењето љубов е најстраствениот момент во кој доколку сакате целосно да уживате треба да се препуштите само на чувствата. Во тие моменти, воопшто не треба ниту вам ниту на партнерот да ви биде битно како изгледате, каква фризура имате, дали стомакот ви е голем, дали ви се приметува целулитот. Доколку сте се нашле во ваква ситуација тоа е показател дека сте исполниле еден од условите за совршен секс.

На партнерот можете да му кажете се што посакувате

Совршениот секс за секого е различен и секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради ова совршениот секс бара отворена и искрена комуникација помеѓу партнерите. Доколку не се потрудите да ги знаете деталите кои вашиот партнер ги сака и обратно во тој случај сексот нема да биде потполно совршен и секогаш едната страна ќе биде позадоволна од другата.

После сексот се чуствувате опуштено и среќно


За ваков секс сите сонуваат. Дали некогаш сте го имале?

И научно е докажано дека сексуалниот однос делува на работата на мозокот и лачи хормони на среќа и задоволство. Но тоа се однесува само на сексуалниот однос во кој двајцата партнери се целосно опуштени. Доколку после сексот сте насмеани постојано, чуствувате како вашето тело “се тресе“ и не можете да се помрднет од замор, тогаш и повеќе од сигурно е дека сте имале совршен секс.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2016 00:30