Награда „Голден орикс“ (Golden Oryx) за најдобар млад џез-музичар за 2017 година вечер ќе му биде доделена на тапанарот Виктор Филиповски.

Доделувањето на наградата го организираат Скопски џез-фестивал во сорабтока со Катар Ервејс.

По повод доделувањето на наградата ќе настапи квартет во кој покрај Филиповски се и Тони Китановски – гитара, Кирил Кузманов – саксофон, Иван Бејков – бас.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2017 12:40