Ракометарите на Металург запишаа нов пораз во СЕХА лигата откако вечерва во натпревар од 6. коло загубија на домашен терен од Горење со 24:29 (14:16).

Во поголемиот дел од натпреварот гостите имаа водство, а Металург успеваше да фати резултатски приклучок. Последното водство Металург го имаше во 52. минута (23:22), но до крајот на дуелот Горење направи серија од 7:1 за втора победа сезонава во СЕХА лигата.

Најефикасен на дуелот беше Халил Јагањац со шест голови, а кај Горење Грегор Поточник постигна пет голови. Гостинскиот голман Клемен Ферлин имаше девет одбрани.

Двете екипи настапија ослабени Филип Кузмановски фалеше кај Металург, а Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ кај Горење.

На првиот натпревар одигран денеска Војводина – Мешков Брест 27:36. Табела: Вардар 15 бодови, Мешков Брест 12, Загреб 10, Цеље 10, Татран Прешов 9, Горење 7, Металург 6, Нексе 4, Војводина 3, Динамо Панчево 3.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2017 09:53