Турските власти издадоа налог за апсење 110 лица од компанија поврзана со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен.
Полициската операција за апсење на осомничените поранешни раководители и партнери на издавачката куќа „Кајнак холдинг“ беше спроведена во Истанбул. Такви акции има и во 24 други реони во земјата.
„Кајнак холдинг“ беше затворена од страна на државата поради поврзаност со движењето на Ѓулен, обвинет за обидот за државен удар во Турција, во јули минатата година.
По обидот за државен удар, стотици компании како „Кајнак холдинг“, многу од нив и помали фирми, беа преземени од државата.