Мал дел од навивачите на „Камп ноу“ вчера беа зачудени откако на една од трибините можеше да се забележи Лионел Меси во дрес на Барселона… и тоа додека Аргентинецот ја носеше „десетката“ на грбот на теренот на дуелот со Малага.
Не станува збор за „фатаморгана“, туку за двојникот на Лео од Иран, кој во изминатите денови беше во посета на Барселона, за да го гледа Меси на теренот на „Камп ноу“.
Сличноста е огромна, нема што.