По триумфот во Германија кај Турингер, ракометарките на Вардар сега повторно патуваат, овојпат во Норвешка кај екипата на Ларвик, на второто од трите планирани гостувања. Средбата со Ларвик е закажана во 17 часот.

За Норвешка отпатуваа 17 ракометарки, истиот состав што триумфираше и пред една недела кај Турингер. Веќе е одработен и првиот тренинг на тимот пред утрешниот меч.

Некогаш силниот тим на Ларвик, кој зад себе има една европска титула, две вице европски трофеи и и последните две сезони стигнува до најдобрите осум во ЛШ, сега е пред голем предизвик поради смената на генерациите и целосно реновираниот тим.

Вкупно 11 ракометарки заминаа од тимот или пак прекинаа со професионално играње ракомет. Нивните мета ги завземаа неискусни ракометарки, барем со меѓународни натпревари кои во иднина треба да продолжат по успешните стапки на тимот.

Засега тешко им оди на Норвежанките во ЛШ, па на првите две средби Ларвик загуби, дома од Турингер 27-31 и во гости кај ФТЦ, 33-37. Тие се единтвен тим во нашата група без освоен бод.

Последен пат Вардар и Ларвик играа лани пролетта, кога во реванш натпреварот од четврт-финалето на ЛШ, Норвежанките победија на домашен терен со 28-26. На тој натпревар ние водевме на полувреме со 13-11, и во салата завршница му дозволивме на противникот да победи, но тоа ништо не значеше бидејќи на првиот дуел во Скопје ние го „демолиравме” ривалот со „плус 14″ голови и победивме со 34-20.

Тој триумф на Ларвик е единствен против Вардар во ЛШ, на четирит емеѓусебни дуели. Една средба, првата одиграна во октомври 2013 година во Скопје, заврши со реми, 27-27. Потоа на следните две средби Вардар триумфираше, 31-29 и 34-20.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 02:00