Македонскиот првак Вардар го забележа третиот триумф во исто толку натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите. Во меч од 3. коло на групната фаза од Лигата на шампионите, вардарки го совладаа Ларвик со 31:19. Воедно ова е втор гостински триумф за „црвено-црните” сезонава.
Требаше да поминат 22 минути за конечно Вардар да го скрши отпорот на домаќинките кога по 9:9 следуваше серија од 7:0 по што на полувреме се отиде со 16:9.
Високата предност од првото полувреме им овозможи на Вардар со рутинирана игра да го одржи, а потоа да го зголеми водството во вториот дел за конечна убедлива победа со 12 голови разлика.
Сара Ристовска и Андреа Пенезиќ со по шест погодоци беа најефикасни во победничката екипа, Ина Суслина на голот имаше 15 одбрани.
Во следното коло двете екипи ќе одиграат уште еден дуел, овој пат домаќин ќе биде Вардар во СЦ „Јане Сандански“.