Ракометарите на Вардар ја постигнаа шестата победа во регионалната СЕХА лига. Тие вечерва на гостувањето кај Цеље славеа победа со 31:28.

Сега Вардар има шест бода повеќе од второпласираните Мешков Брест и Татран Прешов на табелата. Со овој дуел следува и пауза во регионалното натпреварување, прво поради ЕХФ неделата, а потоа и со згуснатиот распоред на натпревари во групите од ЛШ во ноември.

Домашните ракометари го отворија натпреварот со водство, 3-1 па 6-4. Откако Целје водеше со 8-7 во 15 минута потоа следуваше наша добра игра и пресврт. Вардар го презеде водство, 10-8 и до крајот на првото полувреме имаше предност од „плус 3″ за 16-13. Во составот на тренерот Раул Гонзалес ги немаше Рожерио Мораеш, Хорхе Македа и Стојанче Стоилов. Целиот товар на линијата од шест метри падна на Мијајло Марсениќ.

Во второто полувреме Вардар ја одржување предност, а Целје успеа неколкупати да намали на „минус 2″ и еднаш на само гол предност, 25-26 во 51 минута. Во последната минута имаа шанса за намалување повторно на„минус 1″, но тој напад не го реазлизира.

Тимур Дибиров со шест погодоци беше најефикасен кај „црвено-црните“, Игор Карачиќ и Лука Циндриќ постигнаа по четири.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2017 02:11