Неверојатен пропуст направи организаторот на маратонот одржан викендот во Венеција, Италија. Мотоциклите задолжени да го покажуваат патот по кој треба да се трча, ја утнаа патеката, па на крајот неочекувано до победата дојде Ејоб Фаниел.

Фаворитите беа на водечките позиции се до 25. километар кога претходницата на маратонците ги поведе водечките на погрешен пат. Тие изгубија околу две минути за да се вратат на вистинската траса.

Тоа го искористи 25-годишниот домашен натпреварувач кој го постигна најголемиот успех во својата кариера.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2017 12:56