Привремен менаџер на Евертон ќе биде тренерот на младиот тим Дејвид Ансворт, објави англискиот премиерлигаш.

Дејвид Ансворт, кој 11 години настапуваше како фудбалер за екипата од „Гудисон парк“, по втор пат доби шанса краткорочно да го води Евертон, и тоа само во една и пол година.

Тој на клупата на „карамелите“ доаѓа по отказот на Роналд Куман пред утрешното деби против Челзи во Лига купот.

Куман беше отпуштен поради убедливиот пораз од Арсенал (5-2) и местото на табелата на Премиер лигата кое води во понизок ранг, иако во текот на летото на трансфери потроши повеќе од 150 милиони евра.

Како трајно решение за менаџер на Евертон најмногу се споменува Шон Дајш од Барнли. Фудбалерите на Евертон по девет одиграни кола во англиското првенство, имаат осум бодови и се наоѓаат на 18-тото место на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2017 11:43