На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе се одржи прва јавна консултација за ново студентско организирање во организација на Младински образовен форум и Фондацијата Отворено општество -Македонија.

Целта на иницијативата, според организаторите, е да ги собере мислењата за нов модел на студентско организирање. Овие консултации ќе помогнат во дефинирање аргументи и предлози кои би се доставиле до надлежните институции за подобрување на решенијата во рамки на Законот за високо образование.

Предвидено е вакви јавни консултации да се реализираат со студентите на повеќе јавни универзитети во Македонија во периодот октомври-ноември 2017 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2017 11:07