Европската комисија објави денеска дека немаат нов коментар за одлуката на каталонскииот парламент за прогласување независност од Шпанија.

-Немаме што да додадеме на она што веќе го кажавме, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.

Таа, на прес-конференцијата, го повтори ставот на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, кој рече дека независноста на Каталонија е внатрешно прашање на Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2017 17:13