На 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“, Р. Србија, актерот Никола Ристановски ја доби наградата најдобар актер за улогата Иванов во истомената претстава, продуцирана од Народно позориште Белград.
За Ристановски ова е 48 награда.
Стручното жири на фестивалот беше во состав. Слободан Савиќ - претседател на жирито и театарски критичар, Душан Белача - писател и театарскиот режисер Александар Швабиќ. Жирото едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да се додели на Никола Ристановски.