Две лица се полесно повредени во вчерашниот судар на товарно моторно возило со два автобуса на регионалниот пат Кавадарци – Росоман.
Несреќата се случила кога товарно моторно возило „Форд транзит“, со скопски регистерски таблички се судрил со два автобуса, едниот марка „Сетра“, а другиот „Мерцедес“, двата со кавадаречки регистерски таблички.
Товарното моторно возило било управувано од А.А. (32) од Скопје, првиот автобус од С.И. (42), а вториот од Б.Р. (36). Автобусот „мерцедес“ е во сопственост на „Екстра бус“ ДООЕЛ.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски изјави дека несреќата се случила поради недржење безбедно растојание до друго возило од страна на возачите.
Од незгодата со телесни повреди се здобиле лицата А.Н.(35) и Л.Б.(32) и двете од Велес.
Во несреќата причинета е материјална штета на возилата.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.