Во сообраќајна несреќа во Велес помеѓу две патнички возила со велешки регистарски ознаки, „фиат пунто" управувано од 50 годишниот Т.Н. од Велес и „форд", управувано од 54 -годишниот Л.К. од село Војница, Општина Чашка, патничкото возило „форд" излетало надвор од коловозот и заглавило во канал, при што полесно повреден е еден од сопатниците.
Како што информира за МИА Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, во СВР Велес сообраќајката била пријавена денеска во 14,50 часот, а се случила на улица „Вардарска" на крстосницата кај дирекција „Дервен" пред Градскиот базан.
-Со телесни повреди во сообраќајката се здобил 50 - годишниот З.К. сопатник во патничкото возило „форд" , констарирани во болницата во Велес, вели Ѓаковска.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.