Воообичаено е американските граѓани да го поздравуваат претседателот на САД каде и да се појави, но една велосипедистка од Вирџинија му салутираше на Доналд Трамп „малку поинаку“ од вообичаено.

Имено, жената е фотографирана како му го покажува средниот прст кога неговата колона возила минувала крај неа, додека се враќал од посетата на својот голф клуб на брегот на реката Потомак во Вашингтон. „Поздравот“ беше и повторен.

– Претседателската колона појде од голф клуб во 15:12 часот и претекна два пешака, од кои едниот покажа палец надолу. Тогаш претекнавме и една велосипедистка, која покажа среден прст, стои во извештај на претседателскиот Кабинет.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 03:29