Познатиот производител на фотоапарати Никон ќе ја затвори својата фабрика во Кина. Станува збор за фабриката во провинцијата Џијангс во источниот дел на азиската држава. Таа е отворена во 2002 година и има вработено 2.500 луѓе.

Причина за затворањето е фактот што корисниците повеќе купуваат нови паметни телефони наместо дигитални фотоапарати, кои со развојот на технологијата имаат сѐ подобри камери.

Според прелиминарните податоци, до крајот на оваа фискална година компанијата ќе забележи пад од 28 проценти на продажбата на фотоапарати.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 20:22