Серхиo Роберто и Андре Гомес, фудбалерите на Барселона, ќе отсуствуваат од теренот од три до пет седмици поради повредите здобиени во натпреварот против Олимпијакос во Лигата на шампионите.
Роберто беше заменет при крајот на првото полувреме, а го повреди задниот дел на бутниот мускул и ќе биде надвор од теренот пет седмици, наведе Барселона.
Роберто стана важен дел од тимот на Ернесто Валверде бидејќи од почетокот на сезоната играше на 14 од 15 натпревари во Примера лигата, во Кралскиот куп и во Лигата на шампионите.
Гомес на натпреварот го повреди бутот на десната нога, а Барселона нема да може да смета на него од три до четири седмици. Португалецот оваа сезона играше на десет натпревари во сите натпреварувања.