Аргентинецот Серхио Кун Агуеро синоќа стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити.
Агуеро во гости кај Наполи го постигна 178-от гол за клубот кој е основан дури пред 137 години.
На прво место на вечната листа на стрелците го престигна Ерик Брук, а зад него се уште: Томи Џонсон, Колин Бел, Џо Хејз, Били Мередит, Френсис Ли, Том Брауел, Били Гилеспи и Фред Тилсон.
Аргентинецот во Сити стигна во 2011 година од Атлетико Мадрид и одигра 264 натпревари. Кариерата ја почна во 2006 година во Индепендиенте.
Во вторникот направи пресврт на натпреварот против Наполи, со голот од контранапад на „граѓаните“ им донесе водство од 3-2, во победата од 4-2 која го испрати Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите.