На прес конференцијата домашниот тренер Ола Линдгрен го пофали нашиот тим, за играта во одбрана и особено голманот Штербик

Раул Гонзалес - тренер на Вардар

„Игравме добро во првото полувреме, и имавме водство од пет гола. Кристијанштад се млада екипа која игра брзо, и тоа го знаевме од почетокот. Малку послабо тргнавме во мечот, имавме негатива, но потоа работите си дојдоа на место. Нашата одбрана беше извонредна и заврши многу работа“.

Стојанче Стоилов - играч на Вардар

„Го респектираме тимот на Кристијанштад. Секоја година играат сѐ подобро. Ние тргнавме лошо на почетокот, но потоа си дојдоа работите на свое место. Бевме подобри. Им честитам на нашите домаќини за фер играта и им посакувам добри денови во иднина“.

Ола Линдгрен - тренер на Кристијанштад

„Одбраната на Вардар беше добра, Штербик одличен, Вардар играше силно и го видовме резултатот. Би сакал нешто да научиме од овие натпревари и не би сакал да останеме на дното на табелата. Се виде што значи да се има добар голман во тимот“.

Во следното коло Вардар гостува кај ППД Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 21:43