Џампјеро Вентура, селекторот на Италија, изјави дека никогаш не размислувал за можноста неговата селекција да не се пласира на Светското првенство 2018 година.
„Аѕурите“ во петок гостуваат кај Шведска во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Русија. Натпреварот се игра во Стокхолм, од 20.45 часот.
„Ова е важен момент за мене и за мојата кариера, но и за играчите бидејќи некои имаат шанса да почнат нов циклус, а други да го завршат. Пласманот на Светското првенство е важен за сите“, изјави селекторот на Италија.
Реваншот на програмата е на 13-ти ноември во Милано.
„Никогаш не сум размислувал за можноста да не се пласираме на Светското првенство. Италија никогаш не нè изневерила и ние нема да ја изневериме Италија“, изјави Вентура.