Податоците кои ги објави истражувачката куќа “Глобал веб индекс“ покажуваат дека корисниците на интернет во светски рамки во просек дневно проаѓаат нешто помалку од два саата на друштвените мрежи.

Резултатите покажуваат дека младите корисници, односно лица на возраст од 16 до 24 години, дневно, на друштвените мрежи поминуваат нешто помалку од три саата што е очекуван податок со оглед на разбирањето на интернет просторот и лесниот пристап до социјалните мрежи.

Како се зголемува старосната граница така опаѓа и интезитетот на користење на Facebook, twitter и останатите социјални мрежи па така старосната група на возраст помеѓу 55 и 64 години во такви активности дневно поминуваат помалку од еден саат. Во просек, од вкупното време кои корисниците го поминуваат на интернет околу една третина од тоа време е наменето за социјалните мрежи.

Во споредба со истото истражување од 2012 година времето поминато во користењето на друштвените мрежи е пораснато за околу 20 минути на ден. Како причини за овој тренд се наведуваат се поголемата присутност на апликациите за допишување и виртуелно дружење како и миграција на сите слични апликации на мобилните телефони кои се секогаш со нас.


Третина од времето поминато на интернет го користиме за социјални мрежи

Најчест одговор пак на прашањето зошто толку често се користат друштвените мрежи корисниците разбирливо одговориле – така го исполнувам слободното време. Со мобилниот телефон во рака лесно е да се исполни секој слободен момент, чекање во ред, возење во јавен транспорт и слично и затоа овие резултати се повеќе од очекувани.

Третина од времето поминато на интернет го користиме за социјални мрежи


Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 02:29