Ракометарките на Вардар денеска со 29-28 го победија тимот на ФТЦ на гостувањето во Будимпешта со што ја забележаа нивната петта победа во Лигата на Шампионите.
Со оваа победа тие се со максимални 10 поени на првото место во групата Ц.
Вардарки водеа со 16-12 на полувремето, по што следуваше подобра игра на домаќинките, но сепак македонскиот шампион успеа да стигне до посаквуваната победа.