Балканската музичка ѕвезда и кантавтор Жељко Јоксимовиќ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Се очекува негов спектакуларен концерт, на кој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како „Љубави“, „Није љубав ствар“, „Лане моје“, „Либеро“, но и актуелниот хит на македонските радио станици „Милиметар”.

Како гостин на концертот засега е најавена Јелена Томашевиќ.

Во продажба се останати уште мал дел од билетите, кои можат да се набават на билетарата во Вип Арена „Борис Трајковски“. Вратите на арената ќе бидат отворени за посетителите два часа пред почетокот на концертот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 05:52