Вардар останува единствен тим без пораз во групната фаза од женската лига на шампионите, по триумфот на гостински терен кај ФТЦ, 29-28. На овој меч меѓу оние ракометарки што особено се истакнаа е и Андреа Пенезиќ со деветте постигнати голови. Од страна на ЕХФ таа беше избрана за една од трите ѕвезди на колото.

Наградата од ЕХФ доаѓа како подарок за 32 роденден на Пенезиќ. На мечот во Унгарија таа беше вистински лидер, и кога ривалот се надеваше дека ќе успее да се одбрани стигнуваше проектил од Пенезиќ. Имаше визија во секој напад, покажа и нова сила и квалитет. Таа отсекогаш била лидер на тимот.

Еден од деветте гола на Пенезиќ е избран и во Топ-5 гола на колото.

Вардар сезонава знае што е целта, освојување на титулата, а низ секој меч само се потврдува дека тимот е целосно посветен кон исполнување на она што од него се очекува.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 19:29