Секојдневниот живот и рутината често го земаат данокот во спалната соба, а за да не ви се случи тоа и на вас, време е да се соочите со вистината и да ги преземете потребните чекори.
Прво треба да научите кој сексуален стил ве карактеризира како личност, а потоа треба да направите нешто што ќе доведе до одредени промени.
Комплементарен стил
Партнерите се возбодуваат еден со друг, секој е одговрен за својата сексуланост, но си одговараат како тим. И на двајцата им е дозволено да иницираат и одбиваат секс. Секој од партнерот е слободен во изразувањето на сексуалните желби, што може да резултира со занимлив и разнолик секс. Предноста на комплементарниот стил е во тоа што партнерите го споделуваат искуството, а недостаток е што таквиот секс често се претвора во рутина, а партнерите земаат се здраво за готово.
Традиционален стил
Ваквите парови се предвидливи и стабилни. Сакаат мир, а во врската сакаат сигурност и чувство на вредност. Знаат да бидат загрижени поради сексот, но кај нив јасно се знае која е улогата на мажот, а која на жената. Сексот е машко подрачје, а жената е задолжена за интимноста и емоциите. Традиционалниот стил е добар бидејќи улогите во врската се јасно разграничени, но исто и во сексот. Недостатокот е малата сексуална интимност и нерамноправноста на партнерите.
Стил на сродни души
Љубовниците уживаат во размена на искуствата и разговор за врската. Поминуваат многу време заедно, јасно ги изразуваат своите емоции и потребите на партнерот ги ставаат пред своите. Двајцата партнери се чувствуваат прифатено и сакано, без страв и осуда. Недостаток е тоа што претерано се плашат да не го повредат партнерот, а проблемот честопати знае да стане и хроничен.
Страствен стил
Станува збор за партнери чии односи се одбележани со силни емоции, драма и силна страст. Овој див однос го карактеризира виталност, авантура, забава, возбуда и отвореност. Секако станува збор за стил кој го одзема здивот. Меѓутоа, недостаток се честите караници и нестабилната врска.