Со премиера на претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народниот театар – Битола денеска ќе одбележи 73 години од денот на формирањето и од денот кога е одиграна првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија.

– „Крвави свадби“ е едно од најпоставуваните дела на Лорка. На матичната сцена во Битола се поставува втор пат, по 1971 година. Текстот на Лорка е полн со фанатичност и емоции. Екипата за оваа претстава е бројна, настапуваат искусните актери и неколку студенти кои вложија голем труд во изминатите 30 денови за да го прославиме роденденот на нашиот театар на најубав начин, најави уметничкиот директор во НУ Народен театар – Битола Илина Чоревска.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 08:25