Филмот „Ослободување на Скопје” освои награда за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на неодамна завршениот International Arpa Film Festival во Лос Анџелес, соопшти денеска продукцијата Партизанс.
Сценариото според истоимениот драмски текст го пишуваа авторот на текстот Душан Јовановиќ и режисерите Раде и Данило Шербеџија.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Финскиот филмски фонд и Еуримаж.