Најголемиот центар за нуклеарно истражување во светот ЦЕРН, би требало да добие нов акцелератор и на негова изградба ќе работат и 50 млади научници од Србија. Тие ќе работат во посебно изграден образовен и иновациски центар Верокио.

На брегот на Дунав во Земун во кампус на Институтот за физика во Србија всушност ќе биде изграден еден од центрите на ЦЕРН, европската организација за нуклеарно истражување во која повеќе од 15 илјади најголеми светски експерти ги откриваат тајните на Универзумот.

Во проекти на ЦЕРН веќе работат 30 научници од Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2017 11:36