Ракометарките на ЖРК Вардар со максимални шест победи од шест натпревари ги завршија натпреварите од првата групна фаза. Синоќа во Скопје европскиот вицепрвак Вардар го победи германски Турингер со 29:21.

– Многу се подготвувавме за тактиката 7 на 6. Во првото полувреме менувавме играчи за да можеме да играме на квалитетно ниво во текот на сите 60 минути. Задоволна сум што ги освоивме сите 12 бода во групата, изјави тренерот на ЖРК Вардар Ирина Дибирова.

„Вардарки“ за првпат сезонава имаа и солидна посета на натпревар од Лигата на шампионите, а Драгана Цвијиќ на прес-конференцијата изјави:

– Доста покажавме на овие шест натпревари. Би сакала да и се заблагодарам на публиката, која ја наполни салата и би сакала иста атмосфера да имаме кога ќе играме во јануари и февруари во следната групна фаза.

Ракометарките на ЖРК Вардар во следната фаза ќе пренесат максимални осум бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2017 11:46