Вардар ја продолжи победничката серија во лигата на шампионите триумфирајќи на домашен терен против Рајн Некар, 30-26 и го задржа првото место во група 1. И повторно во изборите што ги прави ЕХФ има место за играч на Вардар.
Овојпат меѓу седумте најдобри играчи се најде Вуко Борозан. Црногорскиот интернационалец сезонава е еден од „ударните" играчи на „црвено-црните". Постигна седум голови против Рајн Некар, а некои од проектилите што ги упати голманите на германскиот тим не ги ни видоа.
Идеална постава на 8. коло
лево крило - Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек - Вуко Борозан (Вардар)
среден бек - Мате Лекаи (Веспрем)
десен бек - Жолт Балок (ПИК Сегед)
десно крило - Ласе Сван (Флензбург)
пивотмен - Патрик Винчек (Кил)
голман - Сирил Думола (Нант)