Фестивалот на европски филм „Синедејс“ официјално беше затворен вчеравечер, но од денеска продолжува со целодневен филмски маратон (СинеМаратон) до 29 ноември во Џебното кино на Младинскиот културен центар.

Маратонот почна претпладнето со каубојскиот „Рио Браво“ (1959). Проекциите ќе бидат од 9 наутро до 3 часот по полноќ или вкупно 240 часа филм.

Ќе бидат прикажувани по седум филмови дневно, а секој од десетте дена е посветен на одреден жанр или тематска целина: вестерни, драми романси, крими трилери, фантастика, еротика, контроверзни, арт, акција, хорори и комедии.

Програмата со насловите ја состави филмскиот критичар Влатко Галевски.

- Изборот на филмовите е некоја моја перцепција за квалитет. Во филмовите го нема популарниот мејнстрим. Се обидов да одберам филмови кои помладите генерации немаат шанса да ги видат на големото платно. Мојата девиза тука е: обидете се да го откриете тоа што не сте го виделе, рече Галевски на прес-конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 14:32