Во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА) вечер, со почеток од 20 часот, во новата зграда на Македонската филхармонија ќе се одржи голем добротворен концерт на американска музика во изведба на Биг бендот на МТВ.
Концертот насловен „One night in America“ е замислен како едно патување низ најпопуларните композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд.
Средствата од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Во рамките на настанот ќе биде доделена Годишната награда на МААА како и почесно членство.