Европскиот првак Вардар е чекор поблиску до директен пласман во четврт-финалето на ЛШ откако и во 10. коло од групната фаза освои бодови со триумф над Кристијанштад, 31-15 (14-8). За Вардар ова е нов клупски рекорд од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ, и 20 меча по ред сезонава без пораз.
„Црвено-црните" се единствен тим што на сите натпревари сезонава во ЛШ освојувал бодови. Ова истовремено е највисока победа на Вардар во ЛШ: Досегашниот рекорд ни беше „плус 13" остварен во 2013 година против Вакер. Вардарци го задржаа првото место на табелата со 18 бода и како лидери ќе ги дочекаат последните четири кола од групната фаза во февруари 2018. Во зависност од исходот на дербито меѓу Нант и Барселона, разликата меѓу Вардар и второпласираниот тим може да биде три или четири бода.
Кога голманот има повеќе одбрани отколку што ривалот постигнал голови тогаш тоа е одлична најава за триумф. Така беше и на натпреварот меѓу Вардар и Кристијанштад каде Арпад Штербик во првото полувреме одбрани 9 топки, а гостите од Шведска постигнаа 8 гола. Вардар имаше предност од 14-8 како најава за освојување на нови три бода на контото и зацврстување на првото место во групата каде ќе остане и ќе ги дочека последните четири натпревари од групната фаза.
Вардар повторно игра во комплетен состав и се вратија Македа и Мораеш кои пропуштија некои натпревари поради поврда. И двајцата добија соодветна минутажа, и постигнаа и голови. Убав за око, атрактивен за публиката. Така го играње последниот меч од ЛШ за годинава Вардар пред домашна публика.
За само девет минути играње во второто полувреме Вардар веќе имаше и двоцифрена предност (19-8) како најава за убедлив триумф. Играа лесно во напад, со многу комбинации, на моменти и атрактивни потези за публиката. Иако имаа предност се бореа за секоја топка, а од трибините се добиваше аплауз и поддршка за секоја акција.
На средината на второто полувреме Вардар имаше „плус 13" и водство од 22-9. Тоа беше знак дека иако е крај на првиот дел од сезоната и сите со нетрпение чекаат да дојде време за одмор, формата на „црвено-црните" сѐ уште е на високо ниво. Кристијанштад секогаш на гостувањата во Скопје бил „цврст орев", но овојпат немаше шанса против вардаровата машинерија.
Кристијанштад за 21 минутаво вториот дел постигна само два гола. Првиот во 39 минута,а вториот во 51 минута. Во мешувреме нападот на Вардар играше како „по ноти" а Арпад Штербик нанижа шест одбрани и плус седмерец. Во 48 минута првпат имавме и „плус 16„ за водство 25-9, и уште еднаш во 52 минута. Предноста од шест гола ја задржавме до крајот, за конечни 31-15.
Арпад Штербик натпреварот го заврши со вкупно 17 одбрани од што и еден пенал. Тимур Дибиров постигна 7 гола, а Игор Карачиќ пет.