Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по ремито со Атлетик (0:0) ја посочи неефикасноста како главен проблем на неговиот тим.

Според него, Реал требал да добие неколку натпревари на кои создал многу шанси.

– Ние заостануваме осум бода зад Барселона, бидејќи не ги искористивме нашите шанси. Минатата година, работите беа различни. Сепак мојата работа е да бидам позитивен и да верувам дека работите наскоро ќе тргнат кон подобро. Очекувам головите да дојдат. Среќен сум од презентацијата на тимот и креираните позиции, но разочаран сум од резултатот, бидејќи моите играчи заслужуваат повеќе. Тоа е разочарувачки бидејќи ние се потрудивме да победиме, но затаи реализацијата. Сепак, мора да го задржиме овој менталитет и да размислиме за следниот дуел, рече Зидан.

Французинот го коментираше и исклучувањето на Серхио Рамос.

– Рамос не е среќен поради тоа. Немаше основа за црвен картон. Сепак, не можеме да ја смениме одлуката на судијата, додаде Зидан.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2017 02:03