Српскиот тренер Синиша Михајловиќ ќе го напушти Торино на крајот на сезоната, кога му истекува договорот, пишува италијанската „Ла Стампа“.
Управата на клубот нема да му понуди на Михајловиќ нова соработка која би можела да се продолжи само во случај на активирање на клаузулата, односно Торино да избори место во Лигата на Европа, што во овој момент е тешка мисија.
Торино оствари само две победи во последните 11 натпревари и се наоѓа на 11-тото место на табелата на италијанското првенство, далеку од позицијата за излез во Европа која Михајловиќ ја постави како цел кога дојде меѓу „биковите“.
Спортскиот директор Џанлука Петраки веќе контактирал со некои потенцијални замени, а една од нив е Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта.
Двајцата имале долг разговор и од двете страни има заинтересираност за склучување договор.